Започна зимско сметање на времето

Започна зимското сметање на времето. Утрово  во 03:00 часот по полноќ заврши летното, а почна зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот  се помесуваат еден час наназад, односно времето во 03:00 часот ќе се смета како 02:00 часот.

Промена на времето во земјава е врз основа на годишната практика за регулирање на сметањето на времето и има за цел усогласување со европската регулатива во оваа област.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Освен кај нас, зимското сметање на времето го применуваат и поголем дел од државите на европскиот континент, освен Исланд, Русија и Белорусија. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година, но Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука.

Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.

 

 

 

 

 

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани