Истепал 70 годишник оти му го удрил возилото на паркинг

Истепал 70 годишник оти му го удрил возилото на паркинг.

-На 27.10.2025 во 13:30 часот на паркинг простор на улица ,,Сирма Војвода” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.С. (26) од охридското село Коњско. Тој се сомничи дека претходно на паркингот физички го нападнал С.М. (70) од охридското село  Долно Лакочереј, затоа што со неговото возило „опел астра” со охридски регистарски ознаки удрил во возилото „фолксваген голф“, сопственост на Н.С., а потоа и во друго паркирано возило „голф”. С.М. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, По наредба на јавен обвинител, увид изврши екипа од СВР Охрид и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани