Жител на Велешта нападнал полициски службеник.
На 31.10.2025 во 15:00 часот на магистралниот пат Подмољје-Струга, полициски службеницн од ОВР Струга го лишија од слобода И.И.(45) од струшкото село Велешта затоа што физички нападнал полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
