Родилката од Дебар најавува протести пред струшкиот суд

Повторно одложено судењето за родилката од Дебар, која при породување во струшката болница остана без три органи. И овој пат бранителот на првообвинетиот лекар не се појави, имал неодложни предмети.

Откако беше одбиено барањето за предметот да одлучува Врховен суд, судијата најави дека ново судско рочиште ќе закажува секој следен работен ден.

-Се заборава дека и овој предмет исто така е итен, бидејќи прети опасност застареност и токму поради тоа е донесена одлука цело време расправата да се одложува за секој нареден работен ден, како што е и предвидено во ЗКП, вели судијата Јордан Јованов.

Една година и седум месеци не е одржано рочиште, оштетените велат одбраната тактизира за да застари делото, во август идната година.

– Тоа е само показател дека обвинетиот има  навистина вина за делото кој му се става на товар и нивниот единствен излез е застареноста на делото. Добивме уверување од овој суд, а ја искрено веруваме тоа дека нема да дослова да застари,вели Сашо Јанев адвокат на оштетената.

Веапоска која пет години чека правда, најави протести пред струшкиот суд.

-Ако нема одлука до крајот на овој месец и ако не продолжи судењето и ако вака се одлагаат сите рочишта ќе морам да закажам протест пред судот кој ќе трае секој ден од 8 до 16 часот се додека не заврши судењето и се додека не се донесе пресудата во овој суд., вели Јилдаз Веапоска оштетена.

Првообвинетиот лекар Мухамед Асани  денес не се појави во судуница, судијата најави дека следно ќе биде присилно донесен. Судскиот процес во кој тројцата лекари се обвинети за тешки дела против здравјето на луѓето се влече четири години. Се менуваа судии, обвинители, постојани одлагања. Останува да се сослушаат супервештаците и завршни зборови.

 

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани