Ќура седна во градоначалничката фотелја

Независниот  кандидат за градоначалник на Струга Менди Ќура денес го доби уверението   од ОИК. По куса средба со претходниот градопначалник,   Ќура донесе две предлог одлуки. Првата  продажба на аудито,  рече  за своите потреби ке го користи приватниот автомобил. Воедно  најави отпуштање на сите вработени во општината кои што  не одат на работа.

-Денеска почнуваме од зборови на дела почнуваат промените. Мојот изборен број 133 е среќен број денееска таблиците на мојата кола кои се исти 133 ке биде автомобил кој ке служи на општина Струга во слдните четири години

Менди вети исполнување на приоритетните проекти,  решавање на проблемот со депонијата, аерозагадувањето, како и долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.

-Ќе почнеме со проектите патот Мороишта Струга што е најбитен и е покомплициран. Паркинг места зелнило и сега чекаме со влдата да добиеме опрема  за Комуналец околу 8000 канти и возила, , додава Ќура.

Менди најави ревизија на работењето на општината и сите јавни претпријатија во општина Струга.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани