Расте бројот на заболени лица од дијабет во охридскиот регион. Во светски рамки оваа болест се смета дека ја има секое четврто лице. А според ЦЈЗ Охрид дијабетот е трето најзастапено заболување кај населението. Причините се лоцираат во современиот начин на живот, стрес, нездрава храна и недостиг на физичка активност.
-Она што е веќе познато во светот како причини, голема причина за болеста е стресот, кој што не можеме да го регулираме. 00:01:28 Сега неодамна бев на едно студијско патување во Сомбор, каде што се сретнавме со еден професор, кој што цело време изтражува диабетот, колку е поврзан со опушењето. 40% од заболеените го добиваат преку конзумирање на цигари, посебно оние кошто почнале од рана возраст. За жал, она што е карактеристично е што веќе многу деца се со дијабет, посебно ако се работи кај диабет тип 2, тоа се деца кои се со прекумерна телесна тежина, значи дебелината е голем проблем, и секој како сите ониие други пропратни фактори кои што се веќе општо познатни, вели Димче Каневче од Здружението на лица со дијабет.

Дијабетичарите од Охрид со низа активности го одбележуваат Денот за борба против дијабетот 14 Ноември.Деновиве организираа . неколку едукативни предавања, готвење здрава храна, предавање за конзумирање на сирова храна како и крстарење со брод за релаксација и намалување на стресот.

. 00:02:56 Исто така имавме и средба со локалната самоуправа, затоа што еден од приоритетите за наредната година ќе ни биде во соработка со нас да размислува локалната да креиира политики за лицата со дијабет и за здружението кое што се занимава со оваа проблематика, затоа што како здружение и како и сите други, се сочуваме со проблеми, значи немаме основни средства за нормално функционирање, а сметаме дека поради тоа што здравјето и потпаѓа под локалната власт и треба да се грижи за здравјето на луѓето, и за дијабетот треба да покаже општината сенс. За среќа наидовме позитивна реакција, препознаена беше нашата идеја како добра, меѓутоа, преку службите треба за тоа да биде процесуирано и да видиме што ќе се случи.Имаме едно прекрасно кастарење, една зајдисванце со членовите, за да ги почестиме една релаксирачка тура преко езерото, затоа што, да речиме, пловиме, на тој начин да ја пренесиме потребата од подршката и од чувањето на самите себе од диабетот, Понатаму ќе имаме уште едно предавање, имаме гостинка од Сомбор, почитуваната докторка Соколов Лилјана, која што ке ги презентира пред членовите на одите од неодамнешното истажување кој што го правевме помегу македонците, србите и унгарците, поврзано со дијабетот, со квалитетот на живење, ке имаме исто така и спортска активност, понатамошниот период ке танцуваме малку за дијабетот, така да една палета на активности, додава Каневче.
Здружението на лица со дијабет најавуваат силна едукативно превентивна кампања за заштита на децата. Ќе организираат предавања во сите основни училишта каде ќе бидат опфатени учениците од 12 до 15 години, фокусот ќе биде здравата исхрана и спортот.
Новинар Соња Рилковска
