Максимална казна, три години ефективна затворска казна за првообвинетиот гинеколог од струшката болница, Мухамед Асани, за случајот со родилката од Дебар која при породување остана без три органи. Судот денес му изрече и дополнителна забрана за работа во траење од пет години.
Второобвинетиот специјализант неговиот син Блертон Асани и гинекологот Лилјана Јованоска беа ослободени од обвинение.
-Значи, според тоа, судот обинетиот Мухамед Асани го прогласува за виновн, и му издрекува ефективна казна затвор во траање од три години, која што е максимална предвидена казна за ова кривично дело, а по издржување на казната затвор му изрекува споредна казна забрана зав ршење професија, дејност или должност во траење од 5 години, вели Јордан Јованов судија.
Јилдаз Веаспоска по четири и пол години долгиот судски процес, задоволна од казната, но смета дека вина има и неговиот син специјализант, кој присуствувал на царскиот рез.

-Овие се солзи на неправда која пет години сум по овие судски врати. Која Пет години ја чекам правдата за да едниот Мухамед Асанми да добие затворкса казна а другиот енговиот син што учел врз мене да помине многу лесно, вели Јилдаз Веапоска родилката.
-Добивме максимална казна како што предвидува законот, тоа не е момент за славење туку покажува дека праавосудниот систем во земјава се опоравува и сум бескрајно задоволен од резултатот, вели Сашо Јанев адвокат на оштетените.
Според судот, обвинетиот Асани покрај влошената здравствена состојба на родилката после царскиот рез не направил дијагностика и ехо за настанатото крварење што довело до хеморагичен шок, кога непотребно и биле извадени три здрави органи.
Новинар Соња Рилковска
