Општина Вевчани развива одржлив туризам со поддршка на јапонската JICA.
Денес во Општина Вевчани остваривме продуктивна и мошне значајна средба со претставниците на Јапонската национална агенција JICA. Голема чест е што нашата општина беше избрана како дестинација во која ќе се спроведуваат активности за унапредување на одржливиот туризам.
Ова партнерство претставува важен чекор напред за Вевчани. Заедно со експертите на JICA ќе работиме на развој на современи, еколошки и културно одржливи туристички практики, кои ќе придонесат за подобрување на локалната економија, заштита на природните и културните ресурси и збогатување на туристичката понуда.
Вевчани повторно е препознаено меѓународно – како пример за мала, но амбициозна општина која инвестира во својата иднина, информира градоначалникот Спасе Кочоски.
