Прекршочна за општина Струга за неистакнување на државното знаме

Казни за Менди Ќура и Општина Струга  поради изоставено државно знаме на централниот настан по повод Денот на албанското знаме во Струга. Наместо заедно со знамињата на заедниците да биде истакнато и македонското знаме, бината и дел од кејот на Црн Дрим на 28 ноември останале без државното знаме, иако тоа е јасно пропишана законска обврска.

Настанот се одржал на улицата „Маршал Тито“ во центарот на Струга, со големо присуство на граѓани и локални политичари. Сценографијата, украсена само со знамиња на заедниците, веднаш го привлече вниманието на јавноста – дел од присутните реагирале уште на лице место, а фотографиите и снимките брзо се проширија и по медиумите и социјалните мрежи.

Откако реакциите стасаа и до институциите, ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице – Општина Струга, како и против одговорното лице М.Ќ. (65) од струшкото село Биџево, односно градоначалникот Менди Ќура. Во пријавата се наведува прекршување на член 6 од Законот за употреба на знамињата на заедниците, а казната се изрекува согласно член 11 од истиот закон.

Законот јасно утврдува дека, во ситуации кога се истакнуваат знамињата на заедниците, државното знаме мора да биде присутно и тоа во пропишан редослед и на видливо место. Практично, обврската не се однесува само на протоколарни државни свечености, туку и на локални настани кои имаат јавен и официјален карактер, каков што беше и празнувањето на Денот на албанското знаме во Струга.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани