За прв пат „Ден на миленичињата“ во Охрид мол

Под мотото „Љубовта ни е заедничка“, во недела, на 21 декември 2025 година, во Охрид мол ќе се одржи настанот „Ден на миленичињата“, посветен на грижата, љубовта и одговорното однесување кон домашните миленици. Настанот ќе започне во 13:00 часот и ќе се реализира на првиот кат од трговскиот центар.

Програмата предвидува регистрација на учесниците, ревија на миленичиња, како и едукативен дел со предавања на тема грижа и одговорно сопствеништво. Посебен сегмент од настанот е наменет за најмладите, со детска театарска претстава „Миленичиња“, во изведба на Детското театарско студио „Ден и ноќ“.

Настанот ќе заврши со свечено затворање и доделување подароци за учесниците, а организаторите најавуваат пријатна, едукативна и забавна атмосфера за сите љубители на животните.

„Денот на миленичињата“ има за цел да ја подигне јавната свест за хуман однос кон животните и да промовира заедништво, љубов и грижа кон нашите најверни пријатели.

Линк за пријавување на учество

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани