Новогодишен детски базар во Вевчани

И оваа година Вевчани ќе биде домаќин на волшебен новогодишен детски базар, исполнет со насмевки, забава и празнична магија. Настанот ќе се одржи во петок, на 26 декември, со почеток во 11:00 часот, на плоштадот во Вевчани.

Новогодишниот базар е во организација на ЈОУДГ „Планински цвет“, со активно учество на дечињата и нивните родители. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во богата програма што вклучува музика, забава, храна, креативни изработки, аниматори и средба со Дедо Мраз.

Настанот има за цел да создаде топла празнична атмосфера и да им овозможи на најмладите незаборавно новогодишно доживување, исполнето со радост и дружење.

Организаторите ги покануваат сите граѓани и посетители да бидат дел од новогодишната магија и заедно да ги почувствуваат празничните убавини во Вевчани.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани