Хидробиолошкиот завод доби вредна донација

Донација од Турската агенција ТИКА, Научната установи  Хидробиолошкиот завод во Охрид  доби современ микроскоп и теренско возило. Со проектот ќе бидат реновирани и двете лабаратории. Донацијата е директна инвестиција во науката, дополнителни научни истражувања, поголема  заштита на природното наследство и во иднината на водните екосистеми, особено на Охридското Езеро.

– Морам да исткнма дека денес не одбележуваме само предавање на донација  туку израз на доверба во науката и институциите што се грижат за највредното што го имаме нашето природно наследство. За нас оваа поддршка значи нов импулс за понатаомошна посветена одговорна и современа научна работа, рече Орхидеја Тасеска директорка на Хидробиолошкиот завод.

-Очекувам оваа важна поддршка да ја инспирира државата бидејки таа е најодговорна да превземе свој удел во инвестирањето и во кадровското доекипирање на десетте одделенија бидејки секое од нив  има свои потреби и приоритети покрај заедничките, рече Гордана Давкова Силјановска претседател на Р. Македонија.

Донацијата официјално ја предаде претседателот на ТИКА, Абдула Ерен , во присуство на претседателката на државата, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, како и амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија, НФатих Улсој.

– Како Туркије ние секогаш сме биле на страната на нашиот пријател и сојузник С Макеоднија со која споделуваме заеднички историски, културни и човечки врски уште од нејзината независност и во иднина ќе продолжиме да бидеме покрај неа, амбасадорот на Република Туркије во Македонија Фатих Улусој.

Во рамки на донацијата, Заводот доби и современ микроскоп Leica DM2500 LED, комплетиран со микроскопска камера 12MP Leica Plexacam, кој ќе биде во служба на двете одделенија, како и ново теренско возило Peugeot Partner Van XL Crew, произведено во 2025 година, наменето за теренски истражувања и мониторинг.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани