На градскиот плоштад во Охрид е поставена Божиќната пештера, симбол на Витлеемската пештера во која се роди Исус Христос. Со овој празничен украс, градот влегува во завршната фаза од подготовките за одбележување на Христовото Раѓање.
Поставувањето на Божиќната пештера ѝ дава посебна празнична атмосфера на централната градска локација и претставува значаен симбол на Рождеството, кој носи порака на вера, надеж и духовна радост.
Охрид со овој настан го најавува празничниот период и свеченото чествување на еден од најзначајните христијански празници.

