СВР Охрид поднесе кривични пријави до Основното јавно обвинителство Охрид против четири лица од Охрид и Радовиш, поради сомнение за сторени кривични дела поврзани со бесправно градење на објекти во атарот на Велестово.
Првата кривична пријава е поднесена против Г.Б. (61) и В.Б. (62), двајцата од Охрид, поради сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „симнување или оштетување на службен печат или знак“. При извршен инспекциски надзор на 12 март 2021 година, било утврдено дека на парцела во Велестово се гради станбен објект од втора категорија без правосилно одобрение за градба. На градилиштето била поставена службена лента и табела за затворање, но при повторна контрола на 30 март било констатирано дека тие се незаконски отстранети, иако градежните активности биле прекинати.
Втората кривична пријава е поднесена против Т.Т. (52) од Охрид и Е.Д.Г. (43) од Радовиш, поради сомнение за кривично дело „бесправно градење“. При увид извршен на 17 декември 2025 година, овластен градежен инспектор утврдил дека на парцела во Велестово се гради приземен објект од втора категорија без правосилно одобрение за градба. Врз основа на утврдената состојба било донесено решение за отстранување на објектот.
Од СВР Охрид информираат дека против сите лица се преземаат соодветни законски мерки.
