Кривична пријава за пустошење шуми во атарот на село Ботун

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.И. (37) и А.И. (31), двајцата од струшкото село Делогожда, поради основано сомнение за сторено кривично дело „пустошење шуми“, казниво по член 226 од Кривичниот законик.

Како што информираат од полицијата, на 29 декември 2025 година, при редовна контрола во атарот на село Ботун, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид ги затекнале пријавените при вршење неовластена сеча на дрвја.

Дел од исечената дрвна маса била натоварена во патничко возило „Нисан Терано“. Дрвната маса е одземена и предадена на Шумската полиција, а лицата веднаш биле лишени од слобода.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани