Согласно Календарот за 2026 година за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција (календарот е достапен во коментар), ЈП „Охридски Комуналец“ ги потсетува корисниците од улиците „Железничка“, „Прилепска“, „Винковачка“, „Будва“, „Крали Марко“ и „8-ми Март“ дека на 23.01.2026 година (петок) ќе се врши подигнување на селектиран отпад.
Во наведениот термин ќе се собира отпад од пластика од жолтите садови, како и хартија и картон од сините садови.
Од ЈП „Охридски Комуналец“ апелираат граѓаните од наведените улици да го почитуваат Календарот за подигнување селектиран отпад, со цел заштита на животната средина.
Селектирај правилно!
