„Во чекор со судбината“ – искрена животна приказна на Марко Пејчиновски

Пред извесно време од печат излезе книгата „Во чекор со судбината“, посветена на животната приказна на Марко Пејчиновски, напишана од неговиот татко Тони Пејчиновски. Делото претставува длабоко личен и искрен запис за живот исполнет со предизвици, губитоци и постојана борба со околностите.

Насловот симболично го отсликува патот низ кој минува главниот лик – чекорење низ настани кои животот ги носи без предупредување, а кои бараат храброст, истрајност и непомирување со поразот. Книгата не нуди готови мотивациски пораки, туку реален приказ на соочување со тешки животни ситуации и учење низ искуството.

Во неа се опфатени најзначајните моменти од животот на Марко, прикажани низ погледот на родител кој одблизу ја следи борбата и растењето на својот син.

„Во ‘Во чекор со судбината’ се опфатени лични подвизи и падови, години исполнети со препреки и искушенија, загубата на мајка ми, како и животните лекции што произлегуваат од тие искуства. Приказната е раскажана без разубавување, низ перспективата на татко кој ја документира борбата, растењето и животниот пат на својот син“, вели Марко.

Дел од приходот од продадените книги се донира за хуманитарни цели. Нарачајте книга, прочитајте за мојата приказна и помогнете таму каде што е најпотребно.

Книгата е самостојно издание, без издавачка куќа, а може да се набави исклучиво преку директен контакт со авторите:

  • телефон: 077 844 233

  • порака преку Instagram и Facebook

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани