Автомобил удрил пешак и избегал

На 24 јануари 2026 година околу 23:50 часот, на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која патнички автомобил удрил во пешак и го напуштил местото на настанот.

Во незгодата повреден е Б.С. (49) од Охрид, кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“, каде му биле констатирани телесни повреди. При извршените медицински прегледи, кај пешакот биле измерени 1,69 промили алкохол во крвта.

Од надлежните служби информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на автомобилот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани