ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А. (25), Д.К. (35), Р.К. (18) и Р.К. (21), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „грабнување“ и „соизвршителство при грабнување“.
Според пријавата, осомничените делото го извршиле на улицата „Маршал Тито“ во Струга, на штета на 23-годишна девојка од Скопје. Како што информира полицијата, откако А.А. ја забележал девојката, извесно време ја следел, а потоа, во погоден момент, насилно ја внел во патнички автомобил, при што му помогнале останатите пријавени лица.
Од МВР најавуваат дека против осомничените ќе бидат преземени понатамошни законски мерки.
