Свети Сава денеска свечено се одбележува во Охрид

Српската заедница во Охрид денеска во 13 часот во ресторанот „Белведере“ ќе го одбележи големиот христијански и државен празник на Република Србија – Свети Сава.

На свеченоста, со традиционално сечење на славската погача и пригодна културно-забавна програма, поканети се градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, почесниот конзул на Србија Михајло Филев, како и други гости од јавниот и општествениот живот.

Здружението на Српската заедница во Охрид „Коштана“ брои над 300 членови, кои заеднички ги негуваат традицијата, културата и обичаите. Српската заедница во Република Македонија е регистрирана како здружение на граѓани во 1991 година во Скопје.

Согласно Законот за празници, утрешниот ден е неработен за припадниците на српската заедница во земјава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани