Софија Стојанова – добитник на наградата „Прличеви беседи“ за 2026

Софија Стојанова, ученичка во втора година во гимназијата „Јане Сандански“ во Струмица, е годинашниот добитник на наградата за најдобра беседа за 2026 година на конкурсот на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, на тема „По песната птиците се разликуваат“.

Нејзината беседа била доставена под шифра „Тивериопол“, а по утврдувањето на авторството, Библиотеката добила и потврда од нејзината професорка по македонски јазик и литература.

„Овој успех претставува значајно признание за млад автор и поттик за понатамошно творечко и образовно надградување“, велат од охридската библиотека.

Наградата од 9.000 денари и признание со ликот на Григор Прличев ќе ѝ бидат доделени на 6 февруари, во рамките на манифестацијата „Прличеви беседи“ во Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани