Нелегално влегол во државата – приведен албански државјанин

Полициски службеници од СВР Охрид, на 25 јануари 2026 година во 01:45 часот, во близина на авто-камп во Охрид, го привеле Ф.Н. (49) од Република Албанија.

Од преземените мерки е утврдено дека лицето претходно нелегално ја преминало македонско-албанската граница и незаконски престојувало на територијата на државата, со што сторило прекршок по член 9 од Законот за граница.

На Ф.Н. му е изречена мерка протерување и забрана за влез во Република Северна Македонија во траење од шест месеци.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани