Поради дезинформации кои се шират за да се манипулира јавноста и ги наведуваат граѓаните да носат одлуки коишто се спротивни на нивниот интерес, поттикнуваат омраза и ја поткопуваат довербата во институциите на системот.Семејството на Кристијан Љушев, младиот охриѓанец кој неодамна на 28 годишна возраст трагично го загуби животот, јавно бара одговорност и целосно расветлување на околностите под кои настанала несреќата.
Тие изразуваат сомнеж дека смртта според сведоци и очевидци, настанала како последица на сериозни безбедносни пропусти во објект во завршна фаза на изградба каде што се случил трагичниот настан. Според тврдењата на семејството од искази на свдоци и очевидци, лифтовските окна во зградата не биле соодветно обезбедени, односно не биле затворени,по степениците немало заштитна ограда што, како што велат, претставувало сериозен ризик за секој што се движел. Во тој кобен ден од страна на својот работодавец Кристијан Љушев, со уште неколку свои колеги беше испратен на монтажа на мебел во стан во објектот во кој имало бројни безбедносни недостатоци и пропусти. Во тој контекст, семејството смета дека одговорност треба да се побара кај лицата одговорни за безбедноста на градилиштето, и апелира до надлежните институции темелно да го испитаат случајот бидејќи имало обид за прикривање на докази и големи пропусти во немилиот настан.
Кристијан Љушев, кој во јавноста беше познат како млад и талентиран снимател и фотограф, го загуби животот по пад во објект во изградба во Охрид. По несреќата, тој бил пренесен во болница, но, за жал, им подлегнал на повредите. Настанот се случи на 12 јануари годинава, а на местото бил извршен увид од страна на полицијата и надлежните органи. Од институциите засега нема официјални информации за утврдена одговорност, а семејството бара истрагата да биде целосна, транспарентна и да доведе до конкретни одговори, со цел вакви трагедии да не се повторуваат во иднина.
