Во Охрид денеска свечено беше одбележан Националниот празник на Србите – Св. Сава. Традиционалната свеченост се одржа во организација на Друштвото на српската заедница „Коштана“ и почесниот конзул на Република Србија во Охрид, Михајло Филев, а на настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Настанот помина во духот на заедништвото, меѓусебното почитување и соживот, уште еднаш потврдувајќи ја важноста на добрите меѓуетнички односи на локално ниво.
По повод празникот, беа упатени честитки до сограѓаните од српската националност, со желби за здравје, мир и благосостојба.


