Општина Охрид објави повеќе конкурси за доделување стипендии за академската и учебната 2025/2026 година, со цел финансиска поддршка на студенти и ученици од општината, со посебен акцент на лицата кои живеат во потешки социјални услови, како и на талентираните ученици.
Студентски стипендии
Општина Охрид ќе додели студентски стипендии за академската 2025/2026 година на редовни студенти од општината, запишани во I година на додипломски студии, кои живеат во потешки социјални услови.
Право на стипендија имаат:
-
редовни студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија,
-
редовни студенти кои студираат на државни универзитети во други земји,
доколку ги исполнуваат условите наведени во конкурсот.
Повеќе информации за условите, критериумите и начинот на пријавување за студентските стипендии се достапни на овој линк.
Стипендии за ученици во средно образование
Општина Охрид објави и конкурс за доделување стипендии за ученици во средно образование за учебната 2025/2026 година. Стипендиите се наменети за ученици кои ги исполнуваат условите и критериумите утврдени со конкурсот, со акцент на учениците од социјално загрозени категории.
Целосниот конкурс за средношколските стипендии, со детално наведени услови, потребна документација, рокови и начин на пријавување, е достапен на овој линк.
Стипендии за ученици од основните училишта
За учебната 2025/2026 година, Општина Охрид ќе додели и стипендии за ученици од основните училишта во општината, и тоа:
-
стипендии за талентирани ученици од IV, V, VI, VII, VIII и IX одделение од основните училишта во општина Охрид;
-
стипендии за ученици кои живеат во потешки социјални услови од VI, VII, VIII и IX одделение од општинските основни училишта.
Висината на стипендијата за учениците од основните училишта изнесува 2.000 денари месечно, и ќе се исплаќа во период од девет месеци, во текот на учебната 2025/2026 година.
Еден ученик може да биде носител само на една стипендија, без оглед на категоријата по која аплицира.
Целосниот конкурс за стипендии за ученици од основните училишта е достапен на овој линк.
