Струга ќе гради нова сообраќајница со пешачка и велосипедска патека

Во населбата Езерски Лозја во Струга ќе се гради нова, целосно реконструирана сообраќајница со пешачка и велосипедска патека, а градежните работи се очекува да започнат во наредните 10 дена, информираат од Општина Струга.

Проектот опфаќа реконструкција на улицата на потегот од Автокампот „Ас“ до вливот на реката Сатеска, при што е предвидено обновување на постојната коловозна лента, како и изградба на пешачка и велосипедска патека, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подобрување на квалитетот на живот на жителите.

Активностите се дел од проектот за подобрување на локалната патна инфраструктура, кој се реализира со поддршка на Светска банка, во рамки на регионалниот проект Western Balkans Trade and Transport Facilitation Project.

Од Општината посочуваат дека се направени сите подготовки за старт на градежните зафати, а во фокусот е навремена и квалитетна реализација, со минимално влијание врз секојдневното функционирање на граѓаните.

Градоначалникот на Струга, Менди Ќура, најавува дека проектот е дел од пошироката стратегија за унапредување на локалната инфраструктура, со која Струга добива побезбедни и пофункционални сообраќајни решенија.

 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани