Фрлал марихуана од автомобил – стружанец приведен на патот Струга–Радожда

42-годишен жител на струшкото село Заграчани е приведен откако полициски службеници го забележале како исфрла марихуана од автомобил на регионалниот пат Струга–Радожда.

Настанот се случил на 27 јануари 2026 година во 20:25 часот, при контрола на патничко возило „хјундаи“ со струшки регистарски ознаки, во кое се превезувале две лица. Полицијата го забележала Н.М. (42) како ја исфрла дрогата од возилото, која подоцна била пронајдена и одземена.

Н.М. бил лишен од слобода, додека Ш.К. (44) од селото Калишта бил повикан на службен разговор. По целосно документирање на случајот, против приведениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Фото Илустрација

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани