Двајца државјани на Република Грузија се лишени од слобода на регионалниот пат Радожда–Струга поради илегален влез и незаконски престој на македонска територија.
Како што информира полицијата, на 28 јануари 2026 година во 00:20 часот, приведени се Ј.К. (42) и П.Т. (41), двајцата од Република Грузија. По преземените мерки било констатирано дека тие нелегално ја преминале државната граница и незаконски престојувале во земјава.
Согласно член 159 и 165 од Законот за кривична постапка, лицата се задржани во полициска станица за натамошна постапка.
