Пронајден кокаин, апсење кај Велешта и Плитишта

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.И. (35) од струшкото село Велешта, поради основано сомневање за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што информира полицијата, на 28 ноември 2025 година, во близина на бензинска станица на магистралниот пат Охрид–Струга, пријавениот на лице од Охрид му продал две најлонски опаковки со наркотична дрога кокаин, по што бил лишен од слобода.

Во одделен случај, ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.П. (45) од Скопје, исто така поради сомневање за истото кривично дело. При контрола извршена во струшката населба „Плитишта“, полициски службеници од криминалистичката полиција кај него пронајдоа и одзедоа опаковка со опојна дрога кокаин, по што и тој бил лишен од слобода.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани