Во организација на Младинскиот центар Охрид на Универзитетот за информатички технологии –, денеска со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи јавна панел-дискусија на тема „Органодарителство во Македонија“.
Настанот е посветен на надежта, солидарноста и човечноста, со цел да се отвори јавен и искрен разговор за значењето на органодарителството во нашето општество.
На панел-дискусијата ќе се зборува за:
-
законската рамка и правата поврзани со органодарителството,
-
медицинските факти, дилеми и процедури,
-
животните приказни на пациенти кои чекаат орган,
-
сведоштвата на оние кои го дочекале повикот за трансплантација,
-
како и за односот меѓу верата и органодарителството, преку ставовите на верските заедници.
Свое учество ќе имаат врвни лекари, трансплантациски експерти, национални координатори за трансплантација, претставници од МПЦ и ИВЗ, како и пациенти со лично искуство.
Пораката на настанот е јасна – еден донор може да спаси до осум животи, а информираноста и отворениот дијалог се клучни за градење на солидарно и хумано општество.
Настанот е отворен за јавноста.
