ВИДЕО: Објавен документарниот филм „Свето Богојавление 2026“ – сведоштво за верата и традицијата

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство, Митрополит Георгиј, објавен е документарниот филм „Свето Богојавление 2026“, посветен на големиот христијански празник Богојавление – Водици во Охрид.

Филмот е реализиран во соработка со Општина Охрид и Здружението  Богојавление – Водици, Охрид, а е во режија на Бојан Симјаноски, кој воедно е и директор на фотографија, монтажер и дизајнер на звук.

Музиката во филмот е на Горан Трајкоски (ГОТРА), со учество на митрополитскиот хор „Св. ап. Ерм“, кој го изведува тропарот на Богојавление.

Документарниот филм „Свето Богојавление 2026“, покрај централното празнично случување, е сниман и во неколку денови за време на подготовките на градот Охрид за празникот Водици. Преку автентични сцени и сведоштва, филмот ја раскажува пошироката приказна за значењето на празникот, неговата духовна големина и симболиката на осветената вода, како и светлината што овој ден ја носи во срцата на луѓето.

Преку призмата на верата, заедништвото и личните доживувања на учесниците, филмот ја доловува длабоката врска меѓу минатото и сегашноста, нагласувајќи го Богојавление како жив обред и суштински дел од духовниот и културниот идентитет на Охрид.

Документарниот филм е објавен и достапен за јавноста, а може да се погледне на интернет Facebook на  официјалниот  профил на „Богојавление – Водици“.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани