На 28.01.2026 година во 18:20 часот, на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода И.М. (36) од Струга.
Според информациите, тој управувајќи патничко возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „мерцедес“, сопственост на Б.М. (23) од селото Франгово.
По преземените мерки и извршените проверки, констатирано е дека возачот бил под дејство на алкохол, односно дека имал 2,25 промили алкохол во крвта, по што бил задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
