Органодарителство: Јавна панел-дискусија за живот, надеж и солидарност

Во организација на Младинскиот центар Охрид на Универзитетот за информатички технологии –, денеска  со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи јавна панел-дискусија на тема „Органодарителство во Македонија“.

Настанот е посветен на надежта, солидарноста и човечноста, со цел да се отвори јавен и искрен разговор за значењето на органодарителството во нашето општество.

На панел-дискусијата ќе се зборува за:

  • законската рамка и правата поврзани со органодарителството,

  • медицинските факти, дилеми и процедури,

  • животните приказни на пациенти кои чекаат орган,

  • сведоштвата на оние кои го дочекале повикот за трансплантација,

  • како и за односот меѓу верата и органодарителството, преку ставовите на верските заедници.

Свое учество ќе имаат врвни лекари, трансплантациски експерти, национални координатори за трансплантација, претставници од МПЦ и ИВЗ, како и пациенти со лично искуство.

Пораката на настанот е јасна – еден донор може да спаси до осум животи, а информираноста и отворениот дијалог се клучни за градење на солидарно и хумано општество.

Настанот е отворен за јавноста.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани