Охрид – На 01.02.2026 година во 00:10 часот, во угостителски објект на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е Л.Ш. (21) од Охрид.
Според информациите, осомничениот се однесувал агресивно кон полициските службеници кои во моментот преземале службени дејствија во угостителскиот објект.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
