Охрид – На 31.01.2026 година во 23:20 часот, во СВР Охрид, лишен од слобода е Г.А. (49) од Охрид, по претходна пријава за физички напад со опасен предмет.
Според информациите од полицијата, на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид, осомничениот со дрвен предмет го нападнал Р.С. (40) од Охрид, по што извадил нож и замавнал кон нападнатиот.
По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
