Црвен крст Охрид започнува обука за Негувател/ка за помош и нега на стари лица на подрачјето на Охрид и Дебрца, согласно верификувана програма од Центарот за образование на возрасните и Министерството за образование и наука.
Обуката има за цел унапредување на услугите за долготрајна нега на стари лица, преку ангажирање на стручен и професионален кадар, а истата опфаќа теоретски и практичен дел.
Наставата ќе се реализира во просториите на Црвен крст Охрид, како и во соодветни установи опремени со потребната опрема и помагала, а ќе ја спроведува стручен едукативен кадар – доктор по медицина, медицинска сестра и социјален работник, пет дена во неделата, во термин кој дополнително ќе се договори со учесниците.
По успешно завршување на обуката, кандидатите се стекнуваат со меѓународно признат сертификат за Негувател/ка за помош и нега на стари лица.
„Обуката им овозможува на кандидатите да стекнат практични знаења и вештини, како и реална можност за вработување во Центарот за нега при Црвен крст Охрид“, информираат од Црвен крст Охрид.
Конкурсот за пријавување е отворен од 02.02.2026 до 16.02.2026 година.
Сите заинтересирани полнолетни кандидати можат да се пријават или да добијат повеќе информации:
-
☎️ 046 261 909
-
📱 070 315 309
-
или во просториите на Црвен крст Охрид.
Од Црвен крст Охрид ги повикуваат сите лица со желба, мотив и потреба да работат во областа на грижата за стари лица да ја искористат можноста за обука и потенцијално вработување.
