Листата е долга, времето кратко, органодарувањето спасува животи

Професорката Соња Столеска од Охрид веќе 27 години живее  подарен живот. Во 1998 година ѝ беше пресаден црн дроб — операција што тогаш не можела да се направи во земјава. . Со надеж  и страв заминала во Белград, чекајќи го повикот што  ѝ го спаси животот.

Денес, речиси три децении подоцна, вели дека трансплантацијата  ѝ ги остварила соништата.

„„Нема поголема хуманост од тоа да се дарува орган и да знаете — не спасувате само живот, давате надеж, давате дете да порасне, да се ожени, да се омажи, да остари. Многу е убаво, многу е хумано и нема зошто да се плашат луѓето“, вели професорката Соња Столеска од Охрид.

Долга е листата на пациенти кои чекаат трансплантација на орган и нова шанса за живот. Дваесеттина лица во земјава  чекаат донор на срце. Повеќето се млади луѓе, а десетина  се зависни од механичка пумпа.


„Досега во Македонија не е направена трансплантација кај пациент со механичка циркулаторна поддршка. Направени се трансплантации од болно срце на здраво срце, но сметаме дека е крајно време да започне и трансплантација кај вакви пациенти“, вели Ирена Ралева Најдеска, сопруга на пациент што чека трансплантација.

Стотина пациенти чекаат трансплантација на бубрег. Лекарите велат   операциите се изведуваат, но многу малку од починати донори.

„Мораме да ја потенцираме кадаверичната трансплантација. Живата трансплантација функционира. На десеттина дена до две недели закажуваме трансплантација“, вели д-р Сашо Дохчев, хирург-уролог.

Кога еден живот згаснува, со една храбра одлука за органодарување можат да се подарат  осум животи.

Новинар Соња Рилковска

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани