Цените на авионските билети од Охрид предизвикаа реакции кај патниците, откако билет во еден правец со нискобуџетната компанија „Виз Ер“ до Милано достигна дури 289 евра.
Иако авиокомпанијата важи за нискобуџетен превозник, патниците коментираат дека ваквите цени се далеку од пристапни, особено ако се земе предвид дека станува збор за лет во еден правец.
Патниците апелираат за поголема конкуренција и повеќе авионски линии од охридскиот аеродром, со цел стабилизирање на цените и подобра достапност на летови.
