Кривична за стружанец – во домот пронајдени траги од дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 49-годишен жител на Струга, осомничен за недозволена трговија со наркотични средства.

Од полицијата информираат дека против М.Ч.(49) е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле семки од растение Cannabis, кои неовластено ги набавил со цел понатамошно производство на наркотична дрога, како и предмети со остатоци од марихуана и кокаин.

Осомничениот веднаш бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, а по целосното документирање на случајот ќе следуваат понатамошни законски мерки.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани