Пијан возач со 2,48 промили удри во автомобил во центарот на Охрид

Ноќеска во Охрид е приведен 52-годишен охриѓанец кој под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода во центарот на градот.

Од СВР Охрид информираат дека на 31.01.2026 година во 02:55 часот, лишен од слобода е Л.С.(52) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело по член 297 од Кривичниот законик – „Безобѕирно управување моторно возило“.

Тој, на пресекот на кеј „Македонија“ со улицата „Јане Сандански“, управувајќи патничко возило „Нисан“ со охридски регистарски ознаки, удрил во патничко возило „Голф“ со охридски таблици, кое го управувала 22-годишна охриѓанка.

По извршеното алкотестирање, полициските службеници кај возачот констатирале 2,48 промили алкохол во крвта, по што веднаш му биле одземени возачките документи и бил исклучен од сообраќај.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани