ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(38) од струшкото село Делогожда, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
Според пријавата, на 28.12.2025 година, пријавениот од Е.Џ. од Струга изнајмил патничко моторно возило за период од три дена, но извршил уплата само за првиот ден и возилото не го вратил.
Со тоа, пријавениот го оштетил сопственикот за износ од 240.000 денари, информираат од полицијата.
