СВР Охрид поднесе кривични пријави за дрога

СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(41) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, како и против Б.П.(44) од Охрид, за кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

При претрес извршен во домот на второпријавениот, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога – кокаин и хероин, кои, според полицијата, првопријавениот неовластено ги набавил.

По преземените мерки, двете лица се лишени од слобода, а против нив се поднесени соодветни кривични пријави.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани