Тешко повредена жена во пожар во куќа во Велгошти

На 06.02.2026 година во 10:58 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во семејна куќа во охридското село Велгошти.

Во пожарот, тешки телесни повреди добила Е.Т.Ѓ. (44) од истото село, кои ѝ биле констатирани во Општата болница во Охрид.

На местото на настанот интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот.

Надлежните служби преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани