Верата не забранува, поддржува  органодарување

Верата не забранува  органодарување, напротив – го препознава како чин на љубов, највисока хуманост и милосрдие.

Во време кога стотици  пациенти во земјава чекаат трансплантација на орган  и нова шанса за живот, претставници на верски заедници испраќаат јасна порака: дарувањето органи не е спротивно на верата, туку висока духовна вредност.

Нема поголем дар да го дадеш својот живот за ближниот свој. Органодарителството е чин кој што треба секогаш да го поддржуваме бидејки на тој начин помагаме да се спаси и да продолжи нечиј живот , вели Димче Азески  свештеник од МПЦ.

Слична порака доаѓа и од Католичката црква, во време кога се губи најблискиот да се донесе одлука за органодарување  е   херојство, а според Исламската  верска заедница  тоа  е  продолжено добро дело.

„Нема поголема љубов од тоа човек да го даде својот живот за другите, а токму затоа донирањето органи се смета за израз на љубов или херојско дело.“ , вели Оливер Тантушев свештеник од Католичката црква.

„Во исламот, ова  се гледа како садака џарије – продолжено добро дело. Аллах во Куранот вели: ‘Кој ќе спаси еден живот, како да го спасил целото човештво.“ , вели Адем Муртиши муфтија.

Во општество во кое сè уште постојат дилеми и стравови, гласот на верата е јасен да се помогне на човек во тешка здравствена состојба е духовно исправно и морално возвишено дело.

Новинар Соња Рилковска

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани