Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска избра нов Извршен комитет, со што, како што беше соопштено, партијата влегува во фаза на понатамошно јакнење и модернизација.
Одлуката, според партијата, претставува спој на искуство и нова енергија, односно комбинација од досегашни членови и нови кадри кои ќе работат на зајакнување на организацијата.
„Овие одлуки се јасен показател дека партијата се менува и се прилагодува на новите предизвици. Нашата цел е создавање силна, ефикасна и обединета структура која ќе даде конкретни и одговорни решенија за потребите на граѓаните“, бстои во соопштението до јавноста.
Во периодот што следува најавено е кадровско екипирање и дополнително отворање на партијата кон нови идеи и нови луѓе, како и избор на нови претседатели на општинските комитети, Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани.
Нов состав на Извршниот комитет
За генерален секретар е избран пратеникот Драган Ковачки.
Меѓу членовите на новиот Извршен комитет се:
-
Александар Николоски
-
Владо Мисајловски
-
Гордана Димитриеска-Кочоска
-
Тимчо Муцунски
-
Ѓорѓија Сајкоски
-
Никола Мицевски
-
Луке Галески
-
Антонијо Милошоски
-
Дафина Стојаноска
-
Рашела Мизрахи
-
Влатко Ѓорчев
-
Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид
-
Марија Андоновска
-
Ели Панова
-
Игор Јанушев
-
Марија Митева
-
Благоја Ташаминов
-
Орце Ѓорѓиевски
-
Онер Јакупоски
-
Драгана Бојковска
-
Синиша Стојаноски
-
Стефан Андоновски
-
Филип Поповски
-
Бобан Николовски
Според Статутот, на нив ќе им се приклучат и новите претседатели на Унијата на жени, Унијата на млади сили и Унијата на ветерани.
За организационен секретар е избран Ивица Томовски, додека Владимир Нелоски продолжува како шеф на кабинет.
Од партијата порачаа дека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со обнова и подготовка за наредните изборни циклуси, нагласувајќи дека фокусот останува на „подобар живот за сите граѓани“.
