Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање на традиционални занаети на подрачјето на општината за 2026 година.
Повикот е согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2026 година и Правилникот за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Охрид за субвенционирање на традиционални занаети, бр. 09-1141/1 од 02.02.2026 година.
Кој може да аплицира?
Предмет на јавниот повик е субвенционирање на традиционални занаети регистрирани во Регионалната занаетчиска комора – Охрид, на подрачјето на општина Охрид.
Право на учество имаат новорегистрирани и веќе регистрирани занаетчии од традиционални занаети, согласно Законот за занаетчиство, како физички и правни лица.
Повикот се однесува на следните занаети:
-
кондураџии
-
опинчари
-
производство на хартија
-
книговез
-
ваљајчари
-
бојаџии
-
кувенџии
-
резба на дрво и бакар
-
филигран
-
ткајачи
-
четкари
Дополнително, право на учество имаат занаетчии кои имаат подмирени обврски кон Општина Охрид (комунална такса – фирмарина) за претходните две години. Овие податоци, како што се наведува, ќе ги обезбеди Комисијата надлежна за спроведување на повикот по службен пат.
Колкава ќе биде субвенцијата?
Висината на субвенцијата ќе се утврдува така што вкупниот износ на средствата планирани во Буџетот на Општина Охрид за оваа намена ќе се распределува пропорционално со бројот на пријавените занаетчии кои ги исполнуваат условите од повикот.
Секој барател кој ќе ги исполни условите ќе добие ист износ на средства.
Општина Охрид ги повикува сите заинтересирани занаетчии кои ги исполнуваат условите навремено да поднесат пријава согласно утврдената постапка.
