51 спортски клуб, 100 настани, 30 индивидуалци и 19 тренери добија поддршка од Општина Охрид
Со решение на градоначалникот, Општина Охрид ја објави распределбата на средствата од Буџетот за спорт и рекреација за 2026 година, по спроведен јавен повик.
На повикот биле поднесени вкупно 199 апликации, а по разгледување и евалуација од страна на надлежната комисија, одобрени се:
– 51 спортски клуб,
– 100 спортски настани и манифестации,
– 30 индивидуални спортисти,
– 19 тренери.
Средствата се доделуваат согласно програмата за спорт и рекреација за 2026 година, а договорите со корисниците ќе бидат склучени во наредниот период.
Со оваа одлука, локалната самоуправа продолжува со финансиска поддршка на спортските активности, организацијата на настани и развојот на индивидуалниот спорт во градот.
