Два тепачки во Струга – татко нападнал син, жена нападната во казино

Во текот на вчерашниот ден во Струга се регистрирани два одделни случаи на физичко насилство, информираат од полицијата.

Според информациите, на 09.02.2026 година во 18:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека во семејниот дом во струшко село, Џ.А. физички го нападнал неговиот син. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходно истиот ден, во 12:20 часот во казино во Струга, И.Љ. од струшкото село Велешта физички ја нападнал Е.П. од Скопје. И за овој случај, по целосно документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани