Силна поддршка за спортот во општина Охрид

51 спортски клуб, 100 настани, 30 индивидуалци и 19 тренери добија поддршка од Општина Охрид

Со решение на градоначалникот, Општина Охрид ја објави распределбата на средствата од Буџетот за спорт и рекреација за 2026 година, по спроведен јавен повик.

На повикот биле поднесени вкупно 199 апликации, а по разгледување и евалуација од страна на надлежната комисија, одобрени се:

51 спортски клуб,
100 спортски настани и манифестации,
30 индивидуални спортисти,
19 тренери.

Средствата се доделуваат согласно програмата за спорт и рекреација за 2026 година, а договорите со корисниците ќе бидат склучени во наредниот период.

Со оваа одлука, локалната самоуправа продолжува со финансиска поддршка на спортските активности, организацијата на настани и развојот на индивидуалниот спорт во градот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани