Храмот „Св. Ѓорѓи“ во Струга осветлен во поддршка на лицата со ретки болести

Храмот Св. Вмч. Ѓорѓи во Струга беше симболично осветлен во знак на поддршка на лицата кои се борат со ретки болести.

Со овој  гест, испратена е порака на солидарност, разбирање и поддршка кон сите пациенти и нивните семејства кои секојдневно се соочуваат со предизвици, неизвесност и борба за пристап до соодветна терапија и грижа.

Настанот има за цел да ја подигне јавната свест за ретките болести и потребата од поголема информираност, институционална поддршка и заедничка грижа.

„Реткоста инспирира! Остави траг“ – порачуваат организаторите, повикувајќи на емпатија и заедничко делување.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани